Фото: Општина Гази Баба

Стефковски тврди дека Гази Баба е подготвена за зима, активиран е и Кризниот штаб

Активиран е Кризниот штаб за постапување во зимски услови, кој постојано ја следи состојбата на терен и ја координира работата на сите служби, информираа од Општина Гази Баба.

Во текот на изминатата ноќ на локалните улици и патишта било фрлано сол и ризла, при што посебно внимание е посветено на повисоките населени места од Црешево, па сѐ до Раштак, каде постои поголем ризик од замрзнување на коловозите и наталожување  снег.

Механизацијата и екипите се постојано на терен, со јасна задача да се обезбеди безбедно и непречено движење за сите учесници во сообраќајот. Безбедноста по животот и здравјето на граѓаните е на прво место и токму затоа сите активности се спроведуваат превентивно и навремено – вели градоначалникот Бобан Стефковски кој додава дека ја дочекале зимата целосно подготвени, со обезбедена механизација, материјали и човечки ресурси.

Од Општината апелираат до граѓаните за внимателно движење и почитување на препораките.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот