Стефан Стојановиќ го освои сребрениот медал на Светската карате лига во Венеција

Стефан Стојановиќ со среброто во Венеција, Италија/фото: Bosko Zaborski

Во периодот од 7 до 10 декември година во Венеција, Италија се одржува последниот турнир од серијата турнири на Светската младинска карате лига. На овој престижен турнир Македонија ја преставуваше и зема учество и еден дел од младинскиот тим на нашиот најтрофеен Карате клуб „Макпетрол“.

Каратистот на „Макпетрол“, Стефан Стојановиќ (+84 кг.) го освои сребрениот медал од најмасовната и најквалитетна Светска карате лига за помлади сениори У21. Стојановиќ влезе во финалето во највозрасната категорија на помлади сениори (У21), со четири последователни победи во елиминацискиот дел. Во финалето загуби со минимален резултат 0:1, и успеа да го освои сребрениот медал.

Стефан Стојановиќ со тренерот на КК Макпетрол, Петар Заборски

– Задоволни сме од настапот на сите каратисти од тимот на „Макпетрол“, успеавме да освоиме еден сребрен медал и остваривме два високи пласмани на седмото место, успеавме да го продолжиме континуитетот на освојување на медали од најелитните карате натпревари, ова е вкупно 47 медал за нашиот клуб од најелитните Светски карате премиер лиги, во сениорска и младинска конкуренција. Во Венеција направивме одлична контрола и годината ја завршуваме со освоен светски медал, исто како и што ја започнавме со освоен медал од Светската премиер карате лига во Атина – рече тренерот на „Макпетрол“, Петар Заборски.

На Светската лига во Венеција беа пријавени рекордни 4133 натпреварувачки влезови од 81 држава.

Резултати – Карате 1 Младинска лига Венеција У-21 за спортистите од „Макпетрол“:
+84 кг
Стефан Стојановиќ – Михаил Бистричанов (Бугарија) 2:0
Стефан Стојановиќ – Амир Зуауи (Франција) 3:2
Стефан Стојановиќ – Жоакин Маркез Санчез (Венцуела) 1:0
Стефан Стојановиќ – Николаи Секот (Германија) 2:1
Финале
Стефан Стојановиќ – Данил Касијанов (Украина)

Каратистите на Макпетрол

Јована Мицовска (-61), извојува две победи во репасажот и беше на чекор да се бори за бронзениот медал, но загуби од Хрватката Ирис Ковач 0:5, со што го освои исто така седмото место.

Витомир Трајковски (-84), забележа три победи, а во четвртата загуби минимално 0:1 од Михаил Бугајов од Украина.
-84 кг
Витомир Трајковски – Буаза Беласри (Франција) 9:1
Витомир Трајковски – Лоренцо Бисол (Италија) 5:1
Витомир Трајковски – Симон Приевозник (Словачка) 2:1
Витомир Трајковски – Максим Бухајов (Украина) 0:1

Данило Божовиќ (+84кг) во репасажот забележа две победа и пораз, така да го освои седмото место.
Данило Божовиќ – Светлин Занков (Бугарија) 5:1
Данило Божовиќ – Данил Касијанов (Украина) 0:1
Репасаж
Данило Божовиќ – Антонио Ијадареста (Италија) 1:0
Данило Божовиќ – Набил Беласри (Франција) 3:5

67 кг
Димитар Лозановски – Хамза Џабер-Раис (Белгија) 2:1

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот