Статистика: Рубен Аморим е најслабиот менаџер на Манчестер Јунајтед
Рубен Аморим од денеска не е веќе менаџер на Манчестер Јунајтед поради низата лоши резултати оваа сезона.
Препорачано
Англискиот фудбалски клуб воедно објави дека Дарен Флечер ќе ја преземе улогата на привремен менаџер и ќе ја води екипата додека не се најде трајно решение за клупата. Флечер ќе ги води „црвените ѓаволи“ в среда против Барнли.
Аморим прими доста критики во изминатиот период, статистички има најлош процент на победи како менаџер на Манчестер јунајтед во Премиер лигата.
Португалецот го водеше тимот на 47 лигашки натпревари и запиша учинок од 15 победи, 13 нерешени и 19 порази. Ова значи дека неговиот процент на победи е 31,1%.
Само уште еден менаџер кој го водел Манчестер јунајтед има процент на победи под 50%, а тоа е Ралф Рангник со 41,7% (10 победи од 24 натпревари).
Еве ја статистиката на другите менаџери на „Црвените ѓаволи“:
Дејвид Мојс – 50% победи (34 натпревари, 17 победи)
Луј ван Гал – 51,3% победи (76 натпревари, 39 победи)
Оле Гунар Солскјер – 51,4% победи (109 натпревари, 56 победи)
Ерик тен Хаг – 51,8% победи (85 натпревари, 44 победи)
Жозе Мурињо – 53,8% победи (93 натпревари, 50 победи)
Алекс Фергусон – 65,2% (810 натпревари, 528 победи)


