Фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Рубен Аморим официјално го напушти Манчестер јунајтед

Португалецот Рубен Аморим доби отказ на местото менаџер на Манчестер јунајтед, официјално соопштија денеска од англискиот фудбалски клуб.

Аморим си заминува ден после ремито во Лидс, во кое Јунајтед дури имаше помош од судиите за да избегне пораз, но и поради неговата провокативна изјава за управата на клубот дека „секој си ја работи својата работа, а дека неговата е да биде менаџер“, односно да прашува за засилувања.

Аморим отиде дотаму што рече дека нема да поднесе оставка, и покрај лошите резултати и само трите победи во последните 11 натпревари, но раководството на Јунајтед одлучи да му врачи „писмо за благодарност“.

Манчестер јунајтед моментално е на шестото место на табелата во Премиер лигата, а резултатите досега оваа сезона не ги исполнија очекувањата на раководството на клубот.

Аморим го напушта клубот по хаотични 14 месеци на и надвор од теренот, победувајќи само на 24 од 63 натпревари, што е процент на победи од 38,71%.

Според „Атлетик“, тимот ќе го предводи Дарен Флечер, кој моментно е задолжен за младинскиот тим на Јунајтед до 18 години, како привремен тренер до крајот на сезоната.

Јунајтед го очекува нов лигашки натпревар во среда, кога ќе го пречека Барнли на домашен терен, во рамките од следното коло во Премиер лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот