Проф. Трајко Славески/фотографија: „Слободен печат“/ Слободан Џуриќ

Статистичарите засега немаат добри вести за инфлацијата, гувернерот Славески е оптимист

Очекувам дека инфлацијата и натаму ќе следи патека на надолно приспособување и во 2026 година ќе се сведе на 2,5 %, а потоа ќе се врати на историскиот просек од околу 2 проценти, вели гувернерот

По објавата на веста од Државниот завод за статистика дека и во декември, на годишно ниво, инфлацијата изнесува 4,1 проценти, гувернерот Трајко Славески уверува дека таа ќе се намали.

– Очекувам дека инфлацијата и натаму ќе следи патека на надолно приспособување и во 2026 година ќе се сведе на 2,5 %, а потоа ќе се врати на историскиот просек од околу 2 проценти. Поволните движења на светските цени, закотвените инфлациски очекувања и ограничените притисоци преку каналот на домашната побарувачка ќе бидат главните фактори за овие остварувања. Натамошната стабилизација на надворешната позиција на домашната економија ќе обезбеди дополнителен девизен потенцијал и соодветно ниво на девизни резерви неопходни за одржување на стабилноста на домашната валута. Сепак, високата светска променливост и непредвидливоста се неминовни и во следниов период. Народната банка како и досега внимателно ќе ги следи остварувањата со цел да обезбеди стабилност и истовремено да ги поддржи условите за одржлив економски раст во наредниов период – изјави Славески во интервју за „Економија и бизнис“.

Според Државниот завод за статистика, трошоците за храна и за безалкохолни пијалаци во декември се зголемиле за 5,3 проценти во декември минатата година во однос на декември 2024 година.

Во ноември вкупната инфлација беше 4 проценти на годишно ниво, а само инфлацијата на храна беше 5,4 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот