Стартот на преговорите со С. Македонија е сигнал за единство

Шидер: ЕУ е подготвена да го поддржи Западниот Балкан со итна помош за здравствените системи и да придонесе за социо-економското закрепнување на земјите во регионот.

Одлуката за започнување преговори за членство со Северна Македонија е одлична вест за регионот и за целата Европска Унија и е многу потребен сигнал за единство и координирана акција во овие тешки времиња, оцени австрискиот европратеник Андреас Шидер.

Според него со одлуката Европската комисија и Советот потврдиле оти земјава ги исполнла сите услови за почеток на преговорите за членство.

– Земјата испорача материјални и одржливи резултати во своите реформски напори, вклучително и со постигнувањето договор за прашањето за името и со донесувањето на потребните уставни измени, како и усвојување на круцијалниот Закон за Јавното обвинителство, пред распуштањето на Собранието. Затоа сме многу задоволни што не се поставени дополнителни услови за земјата пред првата меѓувладина конференција, вели австрискиот европратеник.

Тој нагласува дека членовите на делегацијата на Европарламентот во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија сакаат да го рестартираат меѓупарламентарниот дијалог веднаш штом ќе биде конституирана делегацијата на македонското Собрание по претстојните парламентарни избори.

Тој нагласува дека ЕУ е подготвена да го поддржи Западниот Балкан со итна помош за здравствените системи и да придонесе за социо-економското закрепнување на земјите во регионот.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот