Фото: Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Стартниот состав на Шкендија за дуелот против Шелбурн во Конференциската лига

Вечерва од 18.45 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје фудбалерите на Шкендија ќе го играат својот втор натпревар оваа сезона во Конференциската лига, а нивни нов противник е Шелбурн од Ирска.

Актуелниот македонски шампион го стартуваше натпреварувањето со гостински пораз во Шпанија од Рајо Ваљекано со резултат 2:0, додека Шелбурн пред своите навивачи ремизираше 0:0 со шведскиот Хакен.

Тренерот на тетовските „црвено-црни“, Јетон Беќири вели дека неговите играчи се подготвени за предизвикот, и целта е со добра и паметна игра да се дојде до прв триумф во лигашката фаза.

Стартниот состав на Шкендија за денешниот меч против Шелбурн: Гаје, Трумчи, Фетаи, Цаке, Вебстер, Зејнулаи, Алхасан, Тамба, Красниќи, Љатифи, Ибраими.

Шанса за настап од клупата за резервни играчи ќе чекаат: Амзаи, Белица, Р. Рамадани, Ф. Рамадани, Адеми, Мурати, Крстевски, Мазари, Мелиќи, Каба, Џака, Спахиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот