Кир Стармер премиер на Велика Британија EPA/TOLGA AKMEN / POOL

Стармер: Балканот е котел каде безбедноста на Европа е ставена на тест

Премиерот на Велика Британија е домаќин на лидерите на шесте земји од Западен Балкан – Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, додека Велика Британија се обидува да се договори за понатамошни мерки за намалување на бројот на мигранти кои доаѓаат нелегално.

Британскиот премиер Кир Стармер го опиша Западен Балкан како европски „казан“, отворајќи го денеска самитот со лидерите во Лондон, кој е главно фокусиран на решавање на предизвикот со миграцијата, објави Радио Слободна Европа (RSE).

Премиерот е домаќин на лидерите на шесте земји од Западен Балкан – Македонија, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово, додека Велика Британија се обидува да се договори за понатамошни мерки за намалување на бројот на мигранти кои доаѓаат нелегално.

Велика Британија е во тек на преговори со некои од земјите за таканаречените кампови за мигранти каде што Велика Британија би можела да ги испрати одбиените баратели на азил пред да бидат депортирани.

„Регионот е опишан како раскрсница на Европа, но толку често тој бил и искушение за Европа – котел каде што безбедноста на нашиот континент е ставена на тест“, рече британскиот премиер.

Стармер додаде дека разговорите ќе се фокусираат на безбедноста, миграцијата и економскиот раст, и дека лидерите ќе разговараат за тоа како да се спротивстават на „малигното влијание“ на Русија, како и за искоренување на корупцијата и заедничките миграциски проблеми.

„Западен Балкан долго време е витална транзитна рута за криминални банди шверцери. Не сакате да ги видите овие банди како дејствуваат на вашата територија, а сите ние ги трпиме последиците од нивните постапки“, рече Стармер.

Берлинскиот процес е дипломатска иницијатива што ја започна во 2014 година тогашната германска канцеларка Ангела Меркел, со цел да ги приближи земјите од регионот кон Европската Унија.

Меѓу учесниците на Самитот во Лондон се премиерите на Албанија Еди Рама, претседателот на Советот на министри на БиХ Борјана Кристо, премиерите на Црна Гора Милојко Спајиќ, на Косово Албин Курти, на Северна Македонија Христијан Мицкоски и на Србија Ѓуро Мацут.

Заедно со лидерите од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Албанија, британскиот премиер ги пречека претставниците на Германија, Франција и другите членки на ЕУ на Самитот во Лондон, додека британскиот крал Чарлс Трети организираше прием за учесниците.

Самитите на Берлинскиот процес се одржуваат еднаш годишно, а последниот беше во октомври 2024 година во Берлин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот