ВИДЕО | Старлета, адвокатка, а сега и актерка: Ким Кардашијан доби главна улога во култната серија

Ким Кардашијан во новата сезона на „American Horror Story“ / Фото: EPA/Profimedia

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан ќе глуми во 12-та сезона на серијата „American Horror Story“ („Американска хорор приказна“).

Потврдено е дека во серијата се враќа и актерката Ема Робертс која претходно играше во 5 серијали.

Името на сезоната е „Delicate“ („Деликатно“), а се базира на хорор-романот „Бебето на Розмари“.

„Ким е меѓу најголемите и најсјајните телевизиски ѕвезди во светот и ние сме воодушевени што можеме да и посакаме добредојде во семејството на ‘American Horror Story’“, рекол ко-креаторот на АХС Марфи во изјава за ТХР.

„Ема и јас сме возбудени што работиме со оваа вистинска сила во поп културата. Халеј Фајфер напиша забавна, елегантна и на крајот застрашувачка улога специјално за Ким“, рече тој.

И старлетата ја објави оваа вест на својот Инстаграм, а ја сподели само најавата за серијата. Во видеото не се појавува Ким, но има морничава музика со зборовите:

„АХС12. Ема Робертс и Ким Кардашијан се нежни. Ова лето“.

Ким додала само емотикони од очи и капки крв под објавата, а Робертс ја „лајкувала“ нејзината објава.

„American Horror Story“ е американска антологијска хорор телевизиска серија создадена и продуцирана од Рајан Марфи и Бред Фалчук ​​(Glee).

Ким сѐ уште не објаснила каква и која улога ќе ја има во „American Horror Story“.

Кардашијан претходно се испроба и во манекенството, а познато е и дека студираше право за да стане адвокатка.

ВИДЕО | Чекор по чекор до целта: Ким Кардашијан „се мачи“ додека се качува по скали во претесен фустан

Дизајнерот на фамозниот фустан на Мерилин: Ким Кардашијан немаше право да го носи

„Барајќи душа“: Ким Кардашијан позира разголена под туш

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот