Стариот „пасат“ го изненади светот: Помина тестови што дури ни новите автомобили не можеа!

„Фолксваген пасат Б5.5“ од 2004 година, платен за само 1.200 евра, стана интернет ѕвезда откако помина низ серија екстремни тестови, покажувајќи перформанси што би изненадиле многу понови возила. Видео објавено од јутјуберот Раст Бакет Моторспорт ги покажува исклучителните возачки вештини на непознатиот Летонец и неверојатната издржливост на стариот автомобил.

Овој 21-годишен „пасат“, опремен со 2,8-литарски бензински мотор со 193 коњски сили, петстепен мануелен менувач и погон на сите тркала 4Motion, се покажа како исклучително способен. Низ целото видео, јасно е дека системот 4Motion сè уште работи беспрекорно, а понекогаш автомобилот се однесува како да е подготвен за WRC рели, а не како да е купен за ситна цена.

Иако ваквото однесување зад воланот не се препорачува, возачот мора да биде препознаен за неговата исклучителна вештина. Јутјуберот истакнува дека овој стар „пасат“, кој беше тестиран со зимски гуми, се однесува слично на „ауди A6“ (C5) при возење. Комбинацијата од сурово возење и неочекувани перформанси на стариот автомобил наиде на ентузијазам кај публиката, судејќи според бројните позитивни коментари. Ова видео е вистински доказ дека цената и возраста секогаш не го одредуваат потенцијалот на едно возило.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот