Стапката на наталитет во САД падна за четири отсто на најниската точка досега

Фото: EPA/Adi Weda

Според податоците, пад е забележан кај сите регистрирани раси и етнички групи.

Стапката на наталитет во САД падна шеста последователна година во 2020 година, со најмал број родени бебиња од 1979 година.

Според најновиот извештај, приближно 3,6 милиони бебиња се родени во Соединетите Американски Држави во 2020 година, што е за четири проценти помалку од претходната година, утврди Националниот центар за здравствена статистика при американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Според податоците, пад е забележан кај сите регистрирани раси и етнички групи.

Националната слика го одразува падот на бројот на раѓања забележан низ целиот свет, тренд што според некои експерти е забрзан од пандемијата на коронавирусот.

Во 2020 година, вкупната стапка на плодност во САД беше околу 56 раѓања на 1.000 жени – најниска евидентирана стапка и околу половина од таа која била на почетокот на 1960-те.

Пад на стапката на наталитет е забележан кај сите расни и етнички групи. Бројот на раѓања падна за 4 отсто кај белците, црнците и Латиноамериканките, 9 отсто кај Азијките, 3 отсто кај Хавајките и на другите мали пацифички острови и 7 отсто кај Индијанките и жените на Алјаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот