Стаорците се сериозна главоболка за жителите на северна Австралија

Стаорци илустрација / Фото EPA-EFE/LEGNAN KOULA

Стаорците во се поголем број се населија во рибарските села во северна Австралија во последниве денови, принудувајќи ги жителите секое утро да ги чистат плажите од купишта мртви глодари. Стаорците постепено се доближуваат до брегот по исклучително дождливата сезона во внатрешноста на Австралија.

Овие мали цицачи стигнаа до Карумба и Нормантон во Квинсленд, каде напаѓаат домашни животни, се качуваат на чамци и јадат жици на автомобилите.

„Стаорците се насекаде. Тие се толку дрски што излегуваат преку ден“, изјави за АФП Дерек Лорд, 49-годишен жител на Нормантон, кој води компанија за изнајмување автомобили.

„Тие буквално уништија едно возило во текот на ноќта со гризење на жиците“, рече тој.

Стаорците го нападнаа и соседното село Карумба, популарно место за риболов. Купишта мртви, удавени глодари се испуштаат на брегот секој ден, рече Џема Проберт, сопственичка на рибарски брод.

„Минатата недела ги имавме по плажите, некои живи, некои мртви. Локалниот совет ги чисти плажите секое утро, само за да се обиде да ги оддалечи“, рече таа.

Во внатрешноста на Австралија, обилните дождови често се придружени со експлозија на популации на штетници како што се скакулци, стаорци и глувци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот