Стано за посетата на Вулин на Москва: Одржувањето врски со Русија не е во согласност со вредностите на ЕУ
Портпаролот на Европската комисија Петер Стано изјави дека одржувањето на врските со Русија за време на нејзината агресивна војна против Украина не е во согласност со вредностите на ЕУ и процесот на пристапување во Европската унија.
Препорачано
Коментирајќи ја посетата на српскиот вицепремиер Александар Вулин на Москва, Стано за N1 изјави:
„Европската унија сака да смета на сите земји кандидати како доверливи европски партнери кои споделуваат заеднички принципи, вредности, безбедност и напредок. Европската унија беше кристално чиста со своите партнери: односите со Русија не можат да бидат нормални поради неоправданата, агресивна војна на Русија против Украина“.
Потсетуваме, за време на средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Владивосток, вицепремиерот на Србија, Александар Вулин изјави дека Србија на чело со Александар Вучиќ никогаш нема да стане членка на НАТО, никогаш нема да воведе санкции кон Русија и никогаш нема да дозволи да се спроведат какви било антируски дејствија на нејзината територија.


