Фото: ФФМ

Станковски: Се надеваме на добар настап и на освоени три бода во Велс

Македонската фудбалска А репрезентација денеска ја започна ноемвриската акција со официјалната прозивка во хотел „Хилтон“ во Скопје. Овој собир е во пресрет на двата последни натпревари за годинава, пријателскиот меч со Летонија на 13 ноември во Скопје и завршниот квалификациски дуел за пласман на Светското првенство 2026 против Велс на 18 ноември во Кардиф.

Селекторот Благоја Милевски повика 28 фудбалери, со цел да има поширока конкуренција за последниот натпревар во циклусот.

Поради повреда ќе отсуствува Езџан Алиоски, додека во тимот се враќаат Бојан Димоски, Лирим Ќамили и Кристијан Трапановски.

Лука Станковски, фудбалерот од средниот ред на Раднички Крагујевац верува дека мечот со Летонија може да ни донесе позитивни работи, посебно за фудбалерите кои кои чекаат шанса и поголема минутажа во репрезентативниот дрес.

Што се однесува до натпреварот со Летонија, како и секогаш, Македонија, оди на победа. Денес секоја репрезентација има свој квалитет, така што очекувам одличен натпревар, да стекнеме самодоверба и да дојдеме до посакуваната победа.

Против Велс е клучниот натпревар од квалификациите. Се надевам дека овојпат нема да биде слично како против Белгија, но и тој натпревар беше дел од нашата тактика и успеавме да извлечеме добар резултат. Тактиката е задача на селекторот, а наша задача е да ја спроведеме на терен. Се надеваме на добар настап и на освоени три бода во Велс. Искрено, не мислам дека сè зависи од среќата, иако и таа е фактор во денешниот фудбал. Ние имаме јасна тактика и верувам дека тоа ќе биде клучот за успех – вели Станковски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот