Сталоне не е воодушевен од новиот филм за Роки, откако за првпат не глуми во него
Силвестер Сталоне (76) не е воодушевен од „Creed III“, првиот игран филм за Роки Балбоа во кој славниот актер воопшто не се појавува. Тој го создаде ликот пред четири децении, а веќе негодуваше што нема никаква сопственост над франшизата.
View this post on Instagram
Откако претходно го критикуваше продуцентот Ирвин Винклер за барањето авторски права на „Роки“ и „Крид“, во ново интервју за „Холивуд репортер“, акционата ѕвезда го коментира „Creed III “, во режија на Мајкл Б. Џордан.
View this post on Instagram
„Филмот отиде во многу поинаков правец отколку што јас би го однел. Тоа е поинаква филозофија од Ирвин Винклер и Мајкл Б. Џордан. Им посакувам добро, но јас сум многу посентиментален. Сакам кога моите херои ќе бидат тепани, но не сакам да одат на тоа темно место. На луѓето им се гади од темнина“ – истакнал Сталоне во интервјуто.
„Creed III“ кој премиерно ќе биде прикажан на 3 март 2023 година го следи синот на Аполо Крид, боксер аматер по име Адонис (Мајкл Б. Џордан). Сепак, за разлика од првите два филма на Роки не е таму за да го тренира и менторира Дони.