Српските граѓани предадоа големо количество оружје, бомби и муниција на првиот ден од акцијата

Фото: илустрација

Министерството за внатрешни работи на Република Србија соопшти дека до утринава, српските граѓани предале околу 1.500 парчиња оружје, 50.000 куршуми, повеќе од 100 бомби, минофрлачи и друго оружје. Тие нагласуваат дека е предадено повеќе нелегално оружје отколку во текот на целата претходна кампања.

По двете масовни убиства од минатата недела кои ја шокираа земјата, Министерството за внатрешни работи на Србија покрена кампања во која граѓаните кои поседуваат нерегистрирано оружје од денеска до 8 јуни можат да го предадат тоа оружје во која било полициска станица, без страв од какви било последици.

Граѓаните кои во тој период ќе предадат нерегистрирано оружје, нема да мора да го докажуваат своето потекло, а во полиција можат да го оставаат секој ден од 7 до 19 часот, соопштуваат од српскиот МУП, јавуваат медиумите.

МУП ја покрена акцијата по двете масовни убиства што се случија во селата кај Младеновац и Смедерево и во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“, во кои загинаа 17 лица, а над 20 беа ранети.

Балканот преплавен со нелегално оружје, во Македонија има половина милион парчиња

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот