ВИДЕО: Српски фудбалски судија осуден на 15 месеци затвор!

Фото: EPA-EFE/Paul Ellis/POOL

Високиот суд во Нови Сад денеска го осуди фудбалскиот судија Срѓан Обрадовиќ од Јагодина на 15 месеци затвор под обвинение дека ја злоупотребил својата позиција како судија на натпреварот помеѓу домаќините Спартак и Раднички од Ниш, користејќи ја својата службена позиција за да му даде предност на домашниот тим.

Истата првостепена пресуда на Специјалното одделение за спречување на корупција на новосадскиот суд изрече мерка со која на Обрадовиќ му се забранува извршување на судиски функции на натпревари, но и од сите работни места во Фудбалската федерација на Србија од 10 години, известува „Танјуг“.

Ова е првостепена пресуда на која и обвинителството и одбраната имаат право на жалба до Апелациониот суд.

Обрадовиќ е обвинет за фаворизирање на домашниот тим на фудбалскиот натпревар во Суботица, помеѓу Спартак и Раднички Ниш, со користење на својата службена позиција и со тоа да го стави во поповолна позиција во однос на противникот, во директен дуел за излез во Европа.

Според спортските медиуми, Обрадовиќ досудил „скандалозен“ пенал од два за Спартак на споменатиот меч.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот