Српската проја е меѓу 50-те најдобри лебови во светот
Американскиот јавен сервис Си-Ен-Ен ја вклучи пројата од Србија на листата на 50 најдобри лебови во светот.
Препорачано
Според нивната веб-страница, пројата е „омилен додаток на богатите месни супи“ во Србија.
„Тоа е домашно јадење кое често се подготвува свежо за семејни оброци и се вади топло од рерна. Пченкарното брашно нуди малку сладок вкус со солени додатоци – од крем до крекери“, наведуваат тие во описот.
На листата на Си-Ен-Ен на најдобри лебови, своето место го најдоа легендарните мексикански тортилји, францускиот багет, како и италијанската фокача, но и голем број помалку познати јадења од тесто од различни делови на светот.
Според нивното пишување, првите лебови се појавиле пред првите постојани населби, бидејќи ловците и собирачите во јорданската пустина правеле леб од клубени и од житарки.
Листата ја одразува разновидноста на различните техники на правење леб, како и различните состојки – од богатите слоеви на малајски роти канаи, до турскиот ѓеврек, познат како симит. Тие не се рангирани по квалитет и вкус, туку по имиња на земји по азбучен ред:
Дампер леб – Австралија
Болани – Авганистан
Лучи – Бангладеш
Пао де Кежу – Бразил
Багет – Франција
Хачапури – Грузија
Тигар леб – Холандија
Темен ‘ржан леб – Исланд
Леб со сода бикарбона – Ирска
Бами леб – Јамајка
Леб полнет со кари – Јапонија
Паи Бао – Хонг Конг
Табун леб – Јордан
Парата – Индија
Роти гамбанг – Индонезија
Инџера – Етиопија
Либија – Египет
Малаваш – Јемен
Лаваш – Ерменија
Сангак – Иран
Хала – Израел
Чиабата – Италија
Пржен леб – Навахо (САД)
Пумперникел – Германија
Лефсе – Норвешка
Роти чанаи – Малезија
Малтешки леб – Малта
Тортилја – Мексико
Хобз кесра – Мароко
Маракета – Чиле
Монтреалски ѓеврек – Канада
Кубански леб – Куба
Подпломик – Полска
Португалски пченкарен леб – Португалија
Коровај – Русија
Пане каразау – Сардинија
Проја – Србија
Симит ѓеврек – Турција
Лимпа леб – Шведска
Апам – Шри Ланка


