Српската полиција приведе Македонец со осум килограми кокаин

Македонски државјанин со иницијали И.С. бил приведен вчера под сомнение за сторено кривично дело Неовластено производство и дистрибуција на наркотични дроги.

Апсењето се случило синоќа околу 2:20 часот наутро на автопатот Ниш – Лесковац, во близина на градот Брестовац.

Полицијата изврши контрола на патничко возило „Форд“, управувано од осомничениот во правец на Скопско. При детален преглед на возилото, во шуплините на предното десно крило се пронајдени 9 пакети со вкупно 8.370 грама кокаин.

На осомничениот му е одреден притвор, по што ќе биде приведен во надлежното обвинителство со кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот