Српската министерка за енергетика: Два месеца не стигнала ни капка сурова нафта во Србија
Во Србија не пристигнала ниту капка сурова нафта веќе речиси два месеца, но граѓаните и стопанството тоа не го почувствуваа, изјави министерката за енергетика Дубравка Ханданoвиќ Ѓуровиќ по средбата со претставниците на другите компании што снабдуваат гориво на пумпите.
Препорачано
– Ќе правиме и понатаму сè за така и да остане, сè додека ситуацијата со Нафтената индустрија на Србија (НИС) не се реши и рафинеријата во Панчево не започне повторно со производство – додаде таа.
Слично тврдат и од руската компанија „Газпромњефт“, мнозинскиот сопственик на НИС што е „артеријата“ на целокупната српска економија.
„Во моментов, српскиот пазар е снабден со нафтени деривати во потребните количини. НИС продолжува со производство на нафта, што му овозможува да создава одредени резерви на суровина,“ се вели во соопштението на веб-страницата на „Газпромњефт“ од 3 декември.
Вучиќ: Србија не доби сигнал од Америка за НИС, рафинеријата ќе се затвори в сабота или в недела
Кризата околу НИС трае со месеци, а се засили со одлуката на американските власти да не ѝ издадат лиценца на компанијата за понатамошно работење — што автоматски ја блокира и рафинеријата во Панчево, која е во сопственост на НИС.
„НИС останува во платниот промет барем до 7 декември“
Србија се договорила со Народната банка и со приватните банки да му овозможат на НИС уште неколку дена платен промет, до 7 декември, дури и по цена земјата да падне под американски санкции, изјави Вучиќ.
– НИС има доволно време да ги исплати работниците и добавувачите, да се подготви. Потоа ќе одлучуваме ден по ден – рече тој без да прецизира кога НИС навистина би бил исклучен.
„Опасност од секундарни санкции“
Запирањето на производството во рафинеријата во Панчево, една од најголемите во регионот, е најдраматичниот момент од енергетската криза што трае од октомври 2025.
Ако рафинеријата престане да работи, целокупното гориво за Србија ќе мора да се увезува, предупреди нафтениот инженер Гојко Шарац.
САД воведоа санкции на НИС во октомври, бидејќи е мнозински во руска сопственост, со цел да се ограничат приходите со кои Москва го финансира војниот напор во Украина.
На секоја петта бензинска пумпа во Србија ќе се стави катанец
„Газпромњефт“ и „Интелидженс“ се согласија да го продадат својот удел од 56,15 отсто, рече министерката Ѓедовиќ Ханданoвиќ. Но, Вучиќ подоцна изјави дека „Русите во моментов не сакаат да продаваат“.
– Тоа е нивно право. Но ние имаме многу проблеми поради тоа – рече тој.
Рок од 50 дена за решавање на сопственоста
Вучиќ соопшти дека им дава на Русите 50 дена да го решат сопствеништвото. Ако до 15 февруари не се постигне договор, Србија ќе воведе своја управа и ќе ја понуди „највисоката можна цена“ за рускиот удел.
Поради ова, парламентот одобри дополнително задолжување од 1,4 милијарди евра за евентуалното преземање.
Во меѓувреме, Србија се соочува со ризик да падне под секундарни санкции:
„Тоа би можело да го запре платниот промет, да ги блокира банкарскиот систем, кредитните картички, кредитите, па дури и функционирањето на здравството, полицијата, топланите и целиот енергетски систем,“ предупреди Вучиќ.


