Среќно заврши драма во Србија: двегодишно дете се изгуби во шума, го најдоа живо и здраво

Фото: Блиц.рс

Двегодишно дете, кое вчера се изгубило во шума кај село во источна Србија, било пронајдено живо и здраво, без никакви повреди, јавуваат српските медиуми.

Момчето си играло со својот брат во дворот, а кога братот влегол во куќата, а родителите по пет минути излегле надвор да го земат момчето, тоа веќе не било ниту во дворот, ниту во близина.

Веднаш била организирана масовна потрага по момчето, а по неколку часа го пронашол полицаецот Урош Петровиќ, кој од пред неколку месеци е вработен во МВР и се уште има статус на приправник.

„Тргнавме да се качуваме по шумскиот пат и тука го најдовме како стои. Јас го видов и веднаш се затрчав кон него. Детето малку заплака, но кога го зедов во раце, престана да плаче и почна да се смее“, вели полицаецот Петровиќ, кој има само 20 години.

Момчето било пронајдено во шумата на околу 300 метри од куќата, без повреди и во стабилна состојба. Тоа било задржано во текот на ноќта на педијатриско одделение, само за набљудување, но било весело, расположено и сѐ било во ред со него, па било пуштено дома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот