Среќен петок 13-ти: Американец освои премија од 1,35 милијарди долари во игра на среќа

Долари / Фото: Pexels/Pixabay

Американец, чие име сѐ уште не е познато, го одигра добитниот лоз во американската игра на среќа „Mega Millions“ и освои премија од нешто повеќе од милијарда долари. И тоа баш на петок 13-ти – ден кој за многумина е баксузен, пишува „Си-ен-ен“.

Добитната комбинација била забележана на само еден лотариски лист и оваа премија е втора по големина во историјата на „Mega Millions“. Најголемиот џекпот изнесувал 1,53 милијарди долари, а бил одигран во октомври 2018.

Среќната комбинација на броеви извлечени доцна во петокот вечер беше: 30, 43, 45, 46, 61 и златното „мега топче“ 14.

Патем, шансите за освојување на ваква награда беа проценети на многу мали – една на речиси 303 милиони.

Статистички, ова седми џекпот кој се паѓа на „несреќниот“ датум во историјата на играта на среќа, која постои од 2002 година.

Добитникот на наградата ќе има можност да избере исплата на рати, во наредните 29 години, или исплата во готово, нешто што обично добитниците на вакви премии го претпочитаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот