Средношколци се степале на ГП„ Блаце“, со автобус патувале кон Приштина

Фото: Драган Митрески

Тепачка помеѓу малолетници од Куманово се случила вчера на граничниот премин „Блаце“. Средношколците патувале со автобус кон Приштина.

„Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје пријавено е дека на Граничниот премин Долно Блаце, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу шест малолетници (тројца од една страна и тројца од друга страна), сите ученици во исто средно училиште од Куманово, а кои патувале со автобус кон Приштина, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот