Високиот претставник на САД, Стив Виткоф, и рускиот претседател Владимир Путин / Фото: EPA-EFE/GAVRIIL GRIGOROV

Средбата во Москва трае веќе четири часа, што ли зборуваат Путин и Виткоф зад затворени врати?

Средбата на рускиот претседател Владимир Путин со американскиот специјален пратеник Стив Виткоф трае веќе повеќе од четири часа, јавува дописник на ТАСС.

Средбата се одржува зад затворени врати, а сѐ уште нема информација кога ќе заврши.

Од руската страна присуствуваат претседателскиот советник Јуриј Ушаков и специјалниот пратеник за инвестиции и економска соработка со странски држави, како и директор на Рускиот фонд за директни инвестиции, Кирил Дмитриев.

Путин денес преговара со Виткоф и Кушнер, Кремљ ја држи средбата зад затворени врати

Од американската страна, покрај Виткоф, учествува и претприемачот и инвеститор Џеред Кушнер.

Путин претходно ја предупреди Европа дека би доживеала брз пораз доколку влезе во војна со Русија, притоа отфрлајќи ги европските предлози за Украина, само неколку часа пред средбата во Кремљ со двајцата најважни пратеници на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Путин: Ако Европа завојува со Русија, битката ќе заврши толку бргу што нема да имаме со кого да преговараме

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот