Годишно обраќање на Путин/ Фото: EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Путин: Ако Европа завојува со Русија, битката ќе заврши толку бргу што нема да имаме со кого да преговараме

Рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе ѝ го одземе пристапот кон морето на Украина, додека пратениците на Трамп, Стив Виткоф и Џеред Кушнер, шетаа низ Црвениот плоштад пред нивната средба со него во Кремљ.

Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди Европа во вторникот дека би доживеала брз пораз доколку влезе во војна со Русија, притоа отфрлајќи ги европските предлози за Украина, само неколку часа пред средбата во Кремљ со двајцата најважни пратеници на претседателот на САД, Доналд Трамп, информира „Ројтерс“.

Трамп повеќепати изјави дека сака да го запре најсмртоносниот конфликт во Европа по Втората светска војна, но неговите напори досега – вклучително и самитот со Путин во Алјаска во август и средбите со украинскиот претседател Володимир Зеленски – не донесоа мир.

Путин денес преговара со Виткоф и Кушнер, Кремљ ја држи средбата зад затворени врати

Минатата недела протече пакет од 28 предлог-мерки за мир подготвени од САД, што предизвика вознемиреност во Украина и во Европа бидејќи, според нив, тие се прекумерно наклонети кон Москва, а спорните мерки вклучуваат ограничување на украинската армија, признавање руска контрола врз една петтина од Украина и забрана за НАТО-перспективи за Киев.

Европските сили потоа подготвија контрапредлог и на разговорите во Женева, а САД и Украина соопштија дека создале „ажурирана и прецизирана рамка за мир“.

Путин изјави дека Европа „самата се исклучила“ од мировните разговори, а сега, според него, се обидува да ги саботира напорите на Трамп со тоа што предлага решенија кои наводно се неприфатливи за Москва.

Полскиот претседател: Нема договор со Русија

„Европејците сакаат војна“

„Тие се на страната на војната,“ рече Путин за европските држави.

„Јасно се гледа дека сите овие предлози имаат една цел – целосно блокирање на мировниот процес, со барања што се апсолутно неприфатливи за Русија. Ако Европа реши да почне војна со нас, и ја почне, таа ќе заврши толку брзо што во Европа нема да остане никој со кого би можеле да преговараме,“ изјави рускиот претседател.

Путин се закани и дека ќе ѝ го пресече пристапот на Украина кон морето како одговор на нападите врз танкерите на руската „флота во сенка“ во Црното Море.

Ердоган: Нападите врз комерцијални бродови во Црното Море се неприфатливи

Во тој момент, специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф, и неговиот зет Џеред Кушнер, шетаа по Црвениот плоштад заедно со рускиот претседателски претставник за инвестиции, Кирил Дмитриев. Подоцна требаше да се сретнат со Путин во Кремљ.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, зборувајќи од Даблин, изјави дека сè ќе зависи од разговорите во Москва:

„Нема да има лесни решенија… Важно е сè да биде фер и отворено, без договори зад грбот на Украина,“ посочи тој.

„Ако Украина не сака договор, ќе окупираме уште територија“

Путин, кој нареди инвазија во Украина пред речиси четири години, рече дека разговорите не се за конечен договор, туку за низа предлози што, според него, „можат да бидат основа за идни договори“.

Тој тврди дека е подготвен да разговара за мир, но ако Украина одбие договор, тогаш руските сили ќе напредуваат и ќе заземат уште територија.

Руски извор изјави дека иницијативата на администрацијата на Трамп претставува најреална шанса за крај на војната од 2022 година наваму, кога пропаднаа првичните преговори со Киев.

Конфликтот почна во 2014 година, по смената на прорускиот украински претседател со Мајдан револуцијата. Русија го анектираше Крим, а проруските сепаратисти започнаа борби со украинските сили на истокот.

Сега Русија контролира повеќе од 19 отсто од Украина, околу 115.600 километри квадратни, што е само малку повеќе од пред две години, иако рускиот напредок во 2025 година е најбрз од почетокот на инвазијата.

Покровск и Вовчанск паднаа, критичен момент за Украина додека Русија напредува

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот