Покровск Украина EPA-EFE/MARIA SENOVILLA

Покровск и Вовчанск паднаа, критичен момент за Украина додека Русија напредува

Руската армија го освои рударскиот град Покровск во Донецк, кој е под интензивен напад околу една година, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пред новинарите.

Покровск, или Красноармејск, како што го нарекуваат Русите, е клучен транспортен центар за украинската армија во Донбас, а Песков истакна дека претседателот Владимир Путин бил информиран за успешната акција на руската армија.

Засега нема официјална реакција од Киев.  Во исто време руските сили го освоија и градот Вовчанск во регионот Харков, наведува агенцијата. Вовчанск е еден од најважните одбранбени центри за украинските вооружени сили во источниот регион Харков.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави за време на посетата на Париз дека околу Покровск и во регионот Харков сè уште се водат интензивни борби, но не кажа дали градот е целосно окупиран од Русите.

Сепак, како што јавува Ројтерс, повикувајќи се на руските воени команданти Покровск е освоен од руската армија а тоа му било и соопштено и на претседателот Владимир Путин во неделата вечерта дека силите на земјата ги освоиле украинските градови Покровск и Вовчанск на фронтот.

Украинските власти не потврдија дека ниту едно од двете места паднало во руски раце. Украинската војска во понеделникот објави за 43 руски напади во секторот околу Покровск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот