Г20 / Фото: Архива на Слободен печат

Средба на министрите за финансии од Г20: Корона кризата ја нагриза економијата

Министрите за финансии од Групата 20 најразвиени економии (Г20) денеска започнаа дводневен состанок на кој ќе разговараат за стратегиите за надминување на глобалното економско забавување предизвикано од пандемијата.

Разговорите меѓу министрите за финансии на Г20 и гувернерите на централните банки се одржуваат во хибриден формат, поради загриженоста дека ширењето на високо заразниот омикрон и зголемената инфлација би можеле да ги заматат изгледите за глобално економско закрепнување, објави јапонската новинска агенција Кјодо.

– Доаѓа навистина тешко време за глобалната економија која се соочува со пандемија, а пандемијата е далеку од тоа да биде завршена – рече претседателот на Индонезија, Јоко Видодо, во својот воведен говор.

Тој вели дека во оваа ситуација „ниту една држава не може сама да се опорави“.

Сите земји се меѓусебно поврзани. Подемот на еден регион би предизвикал подем на други региони, додека, од друга страна, колапсот на еден регион би резултирал со колапс на други, вели тој.

Индонезискиот претседател предупреди на „ривалство и нови тензии кои можат да влијаат на глобалното закрепнување“, но и можат да го загрозат светскиот мир, како што е, како што рече, актуелната ситуација во Украина.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека глобалната економија годинава ќе порасне со стапка од 4,4 отсто, што е послабо предвидување од минатогодишниот раст од 5,9 отсто.

Израел со највисока стапка на економски раст во последните 21 година и во светски рамки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот