Србите вечерва палат свеќи пред црквата Свети Сава за жртвите на северот на Косово

Фото: Архива на „Слободен печат“

Пред црквата Свети Сава граѓаните почнаа да палат свеќи за настраданите во трагедијата на северот на Косово.

Како што објави N1, просторот пред Храмот веќе бил полн околу 20 часот и 30 минути, а биле објавени и фотографии од жртвите во конфликтот во Бањска.
Граѓаните мирно се собраа, палеа свеќи и оддадоа почит, јавува репортерот на N1.

Потоа пред Храмот беше развиен транспарент со ликовите на загинатите, како и со еден на кој пишуваше: „Не се предаваме“.

Околу 21:10 часот заѕвонеа црковните ѕвона.

Состојбата на северот на Косово и вечерва е мирна, но и натаму тензична. Косовскиот суд реши да ги задржи во притвор тројцата осомничени за вмешаност во убиството на полицаецот на северот на земјата. Полицијата претходно заплени возила со арсенал огнено оружје од различен калибар, експлозиви, муниција и логистика за стотици лица.

Во меѓувреме, Приштина бара од Белград му ги предаде напаѓачите кои избегале по судирот со косовските полицајци. Обвинија и за учество на политичари во нападите.

Српскиот претседател Вучиќ вели дека немаат ништо со тоа. Утре во Србија е прогласен Ден на жалост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот