Србинот Илиќ е новиот „романтичар“ – Слободен печат
СпортФудбал

Србинот Илиќ е новиот „романтичар“

26-годишниот Илиќ, кој игра на позицијата централен дефанзивец, потпиша едногодишен договор со Работнички кој се подготвува за новата сезона.

Во желбата за дополнително засилување на последната одбранбена линија, српскиот интернационалец Немања Илиќ во сезоната 2019/20 ќе го носи дресот на „романтичарите“.

Илиќ претходно во својата кариера има настапи за ФК Челарево и ФК Бачка во српските шампионати.

Претходно со клубот потпиша напаѓачот Бошко Паповиќ, претходно беше ангажиран и Драган Стојков.

Пристигна уште еден српски интернационалец, Иван Марковиќ, беа доведени Виктор Велкоски, Марко Клисура и Бразилецот Јаго Гомес.

Воедно се врати голманот Шишковски, како прво летно засилување беше промовиран Кореецот Хјунг-Јон Ли, а професионални договори потпишаа Давид Тошевски, Димитар Тодоровски и Борјан Пановски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close