Србија ќе ја заврши процедурата за воведување 5Г-мрежа до јуни 2025 година
Министерот за информации и телекомуникации, Дејан Ристиќ за РТС изјави дека се очекува постапката за воведување на 5Г-мрежата во Србија да заврши до јуни следната година.
Препорачано
Првиот чекор кон воведување на 5Г-сигнали е јавна дискусија за правилникот за минималните услови за воведување на 5Г-мрежа, рече Ристиќ и додаде дека дискусијата почнала на 13 септември и ќе трае 30 дена.
Процедурата предвидува по јавната расправа министерот за информации и телекомуникации да го потпише правилникот, а следниот чекор е во надлежност на РАТЕЛ.
„Најавуваат меѓународна аукција која треба да биде завршена до пролет следната година. Исто така, очекуваме на крајот на мај, на почетокот на јуни, да заврши комплетната процедура и мобилните оператори кои ќе ја дадат најдобрата понуда и чии понуди ќе бидат прифатени, полека ќе влезат во процедура за воведување 5Г“, изјави Ристиќ.
Според неговите зборови, ќе се одржи унифицирана аукција за обновување на спектарот 2Г, 3Г, 4Г и, од друга страна, за воведување на 5Г-мрежата. Тој посочи и дека најновиот извештај за извозот на домашниот ИКТ сектор за првите седум месеци покажува раст од 20,29 отсто во однос на истиот период лани.


