Србија ги замрзнува цените на основните прехранбени продукти

Пазарење во маркет/ Фото Архива на СП

Од денеска се применува уредбата на Владата на Србија со која се пропишува 60 дена да се „замрзнат“ цените на шеќерот, брашното тип 400, сончогледовото масло, свинско месо и млеко со 2,8 отсто маснотии. Цените на тие основни намирници се задржаа на износот што беше на 15 ноември, така што нема да бидат исти во сите продавници.

Тоа значи дека максималната цена на конкретен производ од овие пет групи може да биде цената што тој конкретен трговец ја имал на 15 ноември – изјави за Н1.рс секретаротна Трговското здружение во Стопанската комора на Србија, Жарко Малиновиќ.

Ограничувањето на цените нема да важи за намалените и промотивните цени – доколку некој производ од таа група бил во продажба на 15 ноември, нема да важи неговата промотивна цена, туку редовната.

Регулативата предвидува и производителите да не смеат да испорачуваат производи од овие пет групи во количини помали од просекот во последните 12 месеци.

Казни се пропишани за фирмите кои се придржуваат до начинот на пресметување на маржата или не ги ограничуваат цените на петте основни намирници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот