Србија би можела да стане зависна од увозен цемент
Србија би можела да стане зависна од увозен цемент, бидејќи трендовите во производството и потрошувачката на тој градежен материјал укажуваат на тоа дека капацитетите на домашните цементарници нема да можат да ја задоволат домашната побарувачка, се вели во анализата на Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Препорачано
Иако Србија го зголемува своето производство, производствените капацитети остануваат непроменети, па просечниот степен на искористеност на индустриските капацитети е зголемен од 60 отсто во 2018 година на 75 отсто во 2021 година.
Влезот на „нови играчи“ во индустријата за производство на цемент е отежнат, проширувањето на постоечките капацитети е „невозможно на краток рок и без поголеми инвестиции“, што може да доведе до увозна зависност и (натамошно) зголемување на цената на цементот , истакнуваат од Комисијата.
Производството на сив (портланд) цемент во Србија порасна со годишна стапка од осум проценти од 2018 до 2021 година. Така, производството во 2021 година било за 26 отсто поголемо од производството остварено во 2018 година, пренесува Нова економија.
Домашните производители најголем дел од цементот (95 отсто од вкупно произведените количини) го пласираат на пазарот во Србија, а останатите пет отсто се извезуваат.


