Србија бара работници, огласите проширени за 56 отсто од минатата година

Работници во фабрика/ Фото: Архива на Слободен Печат

Во првите седум месеци од годината, во главно поради пандемијата на коронавирусот, во Србија пазарот на трудот доживеа вистинско проширување, бидејќи се зголеми барањето на додатен персонал за 56 отсто за разлика од 2020-та година, објави Послови Инфостуд, а пренесува Данас.рс.

Во првата половина од годината, според податоците на агенцијата, објавени се 36,573 огласи за работа, што е за 13 илјади работни места повеќе од минатата година.

Најмногу огласи има во областите како тровија и продажба, ИТ секторот, електротехниката, администрацијата, магацините, угостителство, припремата на храна и градежништвото.

Луѓето кои полесно наоѓале работа најчесто биле возачи, комерцијалисти, административни работници, вработени во маркети и продавници и како телефонски оператори.

Лицата со средно стручно образование биле барани во дури 60 отсто од огласите. Истовремено, огласите со 40 отсто биле наменети за оние кои имале завршено високо образование.

Работата и понатаму во најголема мера бара лица со повеќе од 10 годишен стаж, зад нив се лицата со од 5 до 10 години стаж, а во најмала мера се бараат лица кои се без или до една година работен стаж, објави Послови Инфостуд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот