Срби од Хрватска добиваат повици да се јават во српската војска во случај на војна на Косово, тврди пратеник

Фото: Министерство за одбрана на Србија

Срби од Хрватска добиваат повици за мобилизација во случај на војна на Косово, тврди хрватскиот пратеник Маријан Павличек, пренесува „Слободна Далмација“.

Според него, повикани се и лица кои работат во хрватската полиција. Еден од нив веќе добил инструкции што треба да направи во случај на мобилизација, вели пратеникот.

Тој наведува дека од октомври наваму, многу хрватски граѓани, кои истовремено се и државјани на Србија, односно имаат двојно државјанство, добиваат повици за регрутација во врска со евентуална мобилизација на српската војска во случај на војна во Косово.

„Најмалку 15 хрватски полицајци добиле покани бидејќи имаат двојно државјанство, да се пријават во Сремска Митровица“, рече Павличек во Парламентот.

Пратеникот вели дека ниту хрватскиот министер за внатрешни работи, Давор Божиновиќ, ниту министерот за надворешни и европски работи, Гордан Грлиќ Радман, не сакале да го коментираат случајот, за кој, според Павличек, требало да испратат протестна нота до Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот