Срамна елиминација на Хајдук и поранешна Стеауа, Партизан и во реваншот подобар од Д. Стреда
Екипите на Хајдук Сплит и ФЦСБ или поранешна Стеауа доживеаја срамна елиминација во квалификациите за пласман во новоформираната Конференциска лига и тоа од екипи од Казахстан.
За разлика од нив, сите четири српски екипи, од кои најзвучно име и тоа на Партизан, обезбедија пласман во следната фаза од квалификациите.
Хајдук е елиминиран од Тобол иако реваншот го стартуваше со предност од 2:0. Но Тобол славеше со 3:1 и во продолжението постигна уште еден гол за 4:1, резултат со кој обезбеди пласман во третото коло од квалификациите за Конференциската лига.
Елиминиран е и тимот на ФЦСБ, поранешна Стеауа која загуби од Шахтјхор Караганди. Иако ФЦСБ имаше предност од 1:0, денеска загуби со 2:1, а по изведување на пеналите подобар беше казахстанскиот тим.
За разлика од Хајдук и Стеауа, екипата на Партизан и во реваншот славеше против Дунајска Стреда. Откако во Белград победија со 1:0, „црно-белите“ вечерва славеа со 2:0 о тоа благодарение на головите на Пантиќ и Рикардо.
Успешен настап во квалификациите имаат и останатите две српски екипи, Војводина и Чукарички.
Пласман во следната фаза обезбедија и фаворитите како Плзен, Сочи, Розенборг, Сиваспор, Копенхаген, Феенорд, Риека, Хамарби.