Спречен шверц на јагниња, сакале да ги извезат во Албанија

Фото Архива на СП

Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за храна и ветеринарство спречија шверц на 63 јагниња, кои требало да се извезат во Албанија, а биле одгледувани близу Прилеп.

-Во координирана акција, возилото со кое се транспортирале јагнињата е стопирано од полициски службеници во Струга и по спроведена контрола од инспектори на АХВ е утврдено дека станува збор за 63 јагниња кои не се идентификувани согласно Законот за идентификација и регистрација на животните, а транспортерот не поседувал и сертификати за здравствена состојба на животните. Согласно дадената изјава на транспортерот, животните се со потекло од населено место во Прилеп, наведува АХВ.

Согласно одредбите од Законот за инспекциски надзор, јагнињата се одземени од лицето кое ги транспортирало и се предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. Против транспортерот ќе биде поднесена прекршочна санкција за движење на неидентификувани животни без документи за движење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот