Спортот во Италија еден месец зад затворени врати!

фото: твитер

Ваквата одлука на италијанските власти ги опфаќа сите области, вклучително и оние кои не се погодени од ширењето на коронавирусот.

И официјално сите спортски настани во Италија ќе се одржуваат зад затворени врати, односно пред празни трибини до 3. април 2020 година.

Италијанските власти одлучија дека спортот ќе продолжи, но без навивачи. Ова ги опфаќа сите области, вклучително и оние кои не се погодени од ширењето на коронавирусот.

Ова доаѓа откако бројот на позитивни случаи во Италија се искачи над 3.000, вклучувајќи и 107 смртни случаи, иако во овој момент има 2.706 кои во моментот страдаат од оваа високо-заразна болест. Исто така училиштата и универзитетите се затворени во Италија до 15. март.

Исто така се наведува дека клубовите се одговорни за редовни проверки за да се обезбеди дека ниту еден од нивните спортисти или персонал нема коронавирус.

Сега е скоро сигурно дека Серија А ќе продолжи каде што застана, со шесте одложени натпревари од 26. коло наместо со мечевите од 27. коло.

Тоа значи дека Јувентус-Интер, Милан-Џенова на нашиот Горан Пандев и другите средби ќе се играат во претстојниот викенд, преместувајќи ги натпреварите од 27. коло за следната недела, итн.

Ова сè уште не е официјално, бидејќи на денешниот состанок на Лега Серија А немаше доволно учесници за да се обезбеди валидно гласање.

Полуфиналните мечеви на Копа Италија, Јувентус-Милан и Наполи-Интер веќе се одложени, иако реванш средбите требаше да се одиграат на 4. и 5. март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот