Спортот се враќа во Македонија

фото:фејсбук

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека Комисијата за заразни болести донесе одлука за олабавување на мерките и тоа се однесува за тренинзи на отворено за индивидуалните спортови, а од идната недела дозвола за тренинзи ќе добија и екипните спортови  за тимски тренинзи.
Следен чекор, по две недели  ќе биде и дозвола за тренинзи во затворено.

– За оваа недела планирано е да се почнат спортските тренинзи во индивидуалните спортови, тенисот, а од другата недела според епидемиолошката слика е предвидено да се стартува со тренинзи во колективните спортови – изјави  министерот Филипче.

Клубовите добиваат зелено светло за тренинзи, а предлозите на комисијата за заразни болести веќе ги испратила сите предлози до Владата која денеска ќе треба да ги усвои, а дополнително е што плановите како да се одржува хигиената, како да се заштитат спортистите и какви протоколи да се преземат, ќе добијат сите субјекти дополнително.

Со денешната одлука на Комисијата за заразни болесни, фудбалерите ќе можат да се вратат на тренинзите и да го доиграат првенството. ФФМ претходно најави дека организира состаноци со клубовите, ќе го слушне и нивното мислење и потоа ќе донесе одлука за конечен термин за продолжување на фудбалските активности во Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот