Според Вавринка, трофејот на „УС Опен“ му се насмевнува на Ѓоковиќ

За Швајцарецот Ноле е прв фаворит во Њујорк/Фото: EPA/JOHN G. MABANGLO

Швајцарскиот тенисер Станислас Вавринка зборуваше за походот на првиот светски играч Новак Ѓоковиќ кон испишување на историја и најави дека Србинот ќе победи на Отвореното првенство на САД, и на тој начин го освои календарскиот „златен“ слем, триумфирајќи на сите четири грен слем турнири во годината.

– Имам чувство дека ќе победи поради начинот на кој игра, како ги завршува натпреварите и затоа што секогаш наоѓа решение за победа. Секогаш имам чувство дека Ѓоковиќ е тој што победува – рече Вавринка.

Швајцарецот Вавринка освои три грен слем титули во кариерата, две од нив по победите против Ноле во финалните мечеви.

– Не очекувате дека еден играч ќе биде подготвен да ги освои сите четири „слема“ за една година, но она што ни го покажаа Новак, Рожер и Рафа во овие 15 години е неверојатно. Тие се оние кои ги поместуваат границите во светскиот тенис – додаде Вавринка.

Поранешниот трет тенисер на планетата истакнува дека нивото на Новак е над било кое друго во последно време.

– Новак го надмина и тоа во последните неколку години, неговото ниво на игра е едноставно неверојатно – заклучи 36-годишниот тенисер од Лозана.

Последниот грен слем турнир „УС Опен“ во Њујорк ќе се одржи во периодот од 30 август до 12 септември 2021 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот