Спомен куќата на Тоше одбележува 8 години постоење

Музејот, Спомен куќа на Тодор Проески на Гумење во Крушево денеска одбележува осум години од отворањето. По тој повод во Спомен куќата на Гумење ќе се одржи музичка работилница на која ќе учествуваат реномирани и талентирани музичари и композитори.

Свои композиции ќе изведуваат музичарите Славчо Спироски Слав, Владимир Јовановски и Ванчо Петров.

Според директорот на Спомен куќата, Елена Мирчевска, Музејот е отворен на 25 април 2011 година. Досега го посетиле 650.000 гости од кои 30 отсто од странство, посебно од балканските и европските земји.

– Во Спомен куќата на една од најголемите Балкански музички ѕвезди Тоше Проески се изложени околу 350 експонати, негови автентични предмети. Поставките се менуваат на денот на роденденот на Тоше и на денот на трагичниот настан, 16 октомври. Ова се дел од годишните активности на Музејот за негова промоција и популаризација, пред се, за раскажувањето на приказната за битисувањето на еден човек кој има само датум на раѓање – вели Мирчевска, нагласувајќи дека за годишнината на Музејот е изработена специјална плексиглас рамка со алуминиумски светлечки лајсни.

Посебно е изгравирана песната на музичарот Слав, инспирирана од насловите на песните на Тоше Проески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот