СПОЈТЕ ГИ ДЛАНКИТЕ: Она што го гледате зборува најмногу за вашата љубов

Палмистиката е научна дисциплина која се обидува да докаже дека сè е запишано на дланките.

Иако денес никој не ја сфаќа сериозно, секако служи за добро да се забавуваме, но и да ја протолкуваме најважната линија – линијата на љубовта.

Линијата на љубовта почнува на работ на дланката под малиот прст, завршува некаде меѓу палецот и показалецот и поминува преку целата дланка.

Најдобро толкување ќе добиете ако ги споите дланките. Што гледате?

Линијата на љубовта на левата рака е над десната
Не верувате дека љубовните односи се примарен фактор на среќа и уживате како самци. Сродна душа барате со години, но никогаш нема да се жалите што сте сами.

Линијата на левата рака е пониска отколку на десната
Старомодни души. Не се вклопувате во трендовите на современото друштво, а животот го живеете по свои принципи. Честа и достоинството за вас се начин на живот. Интуицијата не ве лаже, а во емотивни врски влегувате со лица кои се позрели од вас. Ист е случајот и со пријателството, па обично се дружите со постари луѓе со кои се чувствувате дека сте на иста бранова должина.

Линиите се на иста височина
На вас љубовта ви е нешто најважно на светот, а кога еднаш ќе се вљубите, тоа е за цел живот. Моногамни сте и подготвени да одите до крајот на светот за таа личност. Рацинални сте, конзервативни и се плашите од промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот