„Spider-Man: No Way Home“ нема да биде последниот „Spider-Man“ филм на Marvel

Ејми Паскал/EPA и Том Холанд/Twitter
Ејми Паскал/EPA и Том Холанд/Twitter

Иако идните соработки не се формализирани, од Sony Pictures велат дека студиото е голем обожавател на Холандовиот Спајдермен, ужива во добра работна врска со Marvel, и се надева соработката да продолжи.

Се чини дека приказната на Спајдермен не завршува со „Spider-Man: No Way Home“. Според изјавата на Ејми Паскал, продуцентка на филмот и една од централните фигури во аранжманот на Marvel Studios и Sony Pictures, во план е најмалку уште еден филм со Том Холанд, кој потенцијално ќе ја надмине четвртата фаза на Марвеловиот кинематски универзум.

Sony Pictures доби права над „Spider-Man“ пред две децении, уште пред Disney да ја купи стрип-империјата во 2009 година. Како претседател на Sony Pictures, Паскал надгледуваше двe од „Spider-Man“ повторувањата, прво со Тоби Мегваер во 2000-тите, потоа Ендрју Гарфилд во раните 2010-ти.

– Ова не е последниот филм што ќе го снимаме со Marvel и не е последниот филм за „Spider-Man“. Се подготвуваме за снимање на следниот филм за „Spider-Man“ со Том Холанд и Marvel. Размислуваме за ова како за три филма, а сега ќе одиме на следните три.“ – изјави Паскал во интервју за Fundago.

Според неа, „No Way Home“ е кулминација на трилогијата „Homecoming“, што на некој начин го предвидува четвртиот  „Spider-Man“ во MCU, како и многу повеќе после тоа.

"Spider-Man: No Way Home" Movie Poster/Twitter
“Spider-Man: No Way Home” Movie Poster/Twitter

Иднината на „Spider-Man“ е сè уште недефинирана

Иако идните соработки не се формализирани, сепак од Sony Pictures велат дека студиото е голем обожавател на Холандовиот Спајдермен, ужива во добра работна врска со Marvel, и се надева соработката да продолжи. Нема ниту дефинитивен одговор на прашањето дали Холанд би можел да се појави и во филмовите на Sony за други ликови на Marvel, како „Venom“ со Том Харди и претстојните „Morbius“ со Џаред Лето и „Kraven the Hunter“ со Арон Тејлор- Џонсон.

Режисер на „No Way Home“ е Џон Вотс, кој претходно ги режираше „Homecoming“ од 2017 година и „Far From Home“ од 2019 година. Последниот „Spider-Man“ филм започнува од моментот кога идентитетот на Спајдермен беше откриен, и светот дозна дека зад маската е Питер Паркер. Питер се наоѓа во позиција да бара помош од Доктор Стрејнџ (Бенедикт Камбербач), кој прави магија за да ги натера сите да заборават дека Питер е Спајдермен, но наместо тоа, магијата го разбива мултиверзумот, носејќи ги сите негативци и противници на Спајдермен, од сите останати алтернативни реалности, директно пред неговите нозе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот