Фото: Facebook / Ari Nagel

„Сперминатор“ го дочека своето 165-то дете и има нов план: Нема да верувате колку жени моментално се бремени од него

Ари Најџел, професор по математика од Њујорк, познат и како „Сперминатор“, е татко на дури 165 деца. Неодамна го доби своето 165-то дете во Конектикат – но сега објави дека ќе прекина да донира сперма.

Најџел им помага на жените низ целиот свет со години да постигнат бременост преку донирање сперма. Во последната деценија, стотици од нив станаа мајки со негова помош, а во моментов, како што откри за „Њујорк пост“, десет жени низ целиот свет се бремени со негово дете.

„Имам десет жени кои се бремени во моментов – во САД, Канада, Азија, Африка и Европа“, изјавил тој.


Најновото бебе е родено во Конектикат и е неговото четврто дете со истата жена. Статистиката е импресивна – само во Њујорк има 56 деца, 20 во Њу Џерси и 13 во Конектикат. За разлика од повеќето анонимни донори на сперма кои се држат настрана од животот на децата, Ари често се вклучува. Тој одржува контакт со многу од своите деца и ужива да поминува време со нив – дури и на заеднички одмори.

„Некои мајки не сакаат да имам улога во животот на детето, но секогаш им оставам можност да се предомислат. Повеќето го прават тоа кога детето малку ќе порасне и ќе почне да поставува прашања“, објаснил тој.

Некои мајки побарале и финансиска помош, но поради сопствените финансиски проблеми, Најџел не е во можност да ги издржува на тој начин.

А, откако стана татко на повеќе од 160 деца, тој објави дека планира да се пензионира од улогата на донор кога ќе наполни 50 години.

„Физички, можам да продолжам, но како што мажите стареат, ризикот од одредени нарушувања како што е аутизмот се зголемува“, рекол тој.

Интересно е што никогаш не наплаќал за своите „услуги“. Во претходно гостување во „Шоуто на д-р Оз“, тој објасни: „Мислам дека мојата мотивација е слична на онаа на секој родител – сакам да ја почувствувам радоста и љубовта што ги носат децата. И навистина го разбирам тоа, на свој начин.“

Ари Најџел останува контроверзна, но и фасцинантна фигура во светот на алтернативното родителство, а неговата приказна предизвикува бројни реакции – од осуда до целосна фасцинација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот