Спасувачки брод спасил над 300 луѓе во Средоземното Море за само неколку дена

Фото: EPA-EFE

Во најновата операција спроведена во текот на изминатата ноќ спасени се 99 лица, од кои повеќето рекле дека се од Сирија, соопшти Морско Око на Твитер.

Спасувачкиот брод Морско Око 4 во последните неколку дена спасил околу 330 мигранти кои се обиделе да го преминат Средоземното Море, соопшти денеска германскиот оператор на приватниот брод.

Во најновата операција спроведена во текот на изминатата ноќ спасени се 99 лица, од кои повеќето рекле дека се од Сирија, соопшти Морско Око на Твитер.

Екипажот сега се доближува до „границата” на нивниот капацитет да се грижи за спасените луѓе, напиша Морско Око.

Бродот почна да плови минатата недела и собира мигранти кои патуваат со бродови несоодветни за отворено море.

Меѓу лицата што биле спасени на бродот за време на викендот имало деца, осуммесечно бебе и бремена жена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот