Оливер Спасовски / фото: Слободен печат / Драган Митрески

Спасовски: Застојот кон ЕУ не е последица на „францускиот предлог“

Пратеникот и поранешен министер Оливер Спасовски оцени дека застојот на Македонија на патот кон Европската Унија не е последица на „францускиот предлог“, туку на, како што рече, недостигот на политичка волја кај актуелната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, Спасовски порача дека владејачкото мнозинство треба да понуди конкретен излез од актуелната состојба, наместо да продолжува со политички популизам, објави 4news.mk

Според него, СДСМ во минатото прифатил компромис кој бил „реален и во интерес на државата“, но процесот бил блокиран од тогашната опозиција.

„Тогаш имавме неодговорна опозиција која мислеше исклучиво на сопствениот и на партискиот рејтинг. Нивната процена беше дека политички многу повеќе им се исплаќа да го напаѓаат предлогот, да креираат страв кај граѓаните дека некој нешто сака да ни одземе, со цел да си ја сочуваат опозициската комотност. Тоа им успеа и сега ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Но, бидејќи денес се власт, тие треба да дадат предлог како да се излезе од оваа состојба“, изјави Спасовски.

Тој посочи дека лично не поддржува СДСМ да иницира нови предлози или да потпишува платформи со други политички партии за евроинтегративниот процес, оценувајќи дека партијата веќе го понела својот дел од товарот за европската иднина на државата.

„Глупавата опструкција“ на Бугарија ја ослабува ЕУ и им користи само на Русија и на Кина, смета Михаел Рот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот