Спасовски: Ветингот ќе важи за сите вработени во УБК

Ветингот во УБК  ќе се спроведува и на оние кои ќе се пријават на огласот, но и на оние кои нема да се пријават, најави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во Кавадарци, во врска со ветингот во УБК. Информираше дека комисиите се формирани и треба да се работи на правилниците и подзаконските акти.

– Информацијата која ми ја даде директорот на Агенцијата за национална безбедност е дека тие се веќе подготвени и треба да поминат и на Влада. Следниот чекор е започнување на ветинг процесот. Тоа значи пријавување на оглас на сите вработени – појасни министерот Спасовски.

Тој истакна дека ветингот ќе се спроведува за сите вработени во Управата за безбедност и контраразузнавање.

– Ќе се спроведува од аспект на личниот интегритет, начинот на кој работеле во Управата, степенот на образование, како напредувале во службата и на таа основа и сите тие аспекти да се донесат одлуките. За нас е важно Агенцијата да биде модерна, ефикасна, да ја штити националната безбедност, а во ниту еден случај да не биде Агенција која понатаму ќе продуцира нови политички кризи и пореметувања на општествениот систем – нагласи Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот