Спасовски потврди: Наќе Чулев ја скрил потерницата за дипломатот Миленкоски

Наќе Чулев и Оливер Спасовски / Фото: Архива на „Слободен печат“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со апсењето по меѓународна потерница на македонскиот дипломат Миле Миленкоски во Србија, вмешан во евакуација на ерменски дипломат од Ереван во Виена во 2018 година, појасни каде и чии се пропустите за овој случај кој деновиве ја бранува македонската јавност.

Во 2019 година има информации кои ги добива МНР во смисла на тоа дека е можно да имаме вклученост на наши дипломати во одредена постапка. За тоа веднаш е известено МВР, но во тој момент немало меѓународна потерница за ниту еден дипломат. Меѓународната потерница е распишана од страна на Ерменија на 25. февруари 2020 година. Во тој момент јас сум претседател на Владата, а министер за внатрешни работи е Наќе Чулев. Што во тој момент е направено, дали е известено МНР или не, немам детални информации, се огради министерот Спасовски.

Меѓународната потерница е издадена од Ерменија на 25. февруари 2020 година и за ден -два се прикачува на системот за меѓународна соработка, а истрагата си ја води државата каде е извршено кривично дело, во случајот Ерменија, појаснува Спасовски, додавајќи дека сите информации околу случајот се добиени врз база на потерницата од Интерпол и против Миленкоски во Македонија не е покрената постапка за злоупотреба на дипломатската положба, ниту од ресорното Министерство за надворешни работи.

Станува збор за дипломатски скандал за кој истрага освен ерменските власти водат и австриските истражни органи, бидејќи евакуираниот политичар од Ерменија е братот на поранешниот ерменски претседател Серж Саркасјан, вмешан во низа корупциски скандали во земјата, а од Ереван со приватниот авион ангажиран од Миленкоски и неговите соработници, слетал во Виена од каде му се губи трага.

Кој е контроверзниот македонски дипломат Миле Миленкоски, уапсен во Србија

Притворениот дипломат Миленкоски го спасувал братот на поранешниот претседател на Ерменија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот