Спасовски од Илинден: Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ од внатре е полна црнила и ќе остане да сведочи за криминалот и корупцијата
„Наместо градинки, улилишта и болници, ВМРО-ДПМНЕ градеше партиски музеи, партиски плоштади и како круна на се ја изградија Белата палата. Меѓутоа иако е бела од надвор, таа е црна внатре. Затоа што има црнила, жални судбини, многу загинати и опљачкани луѓе. Таа останува и ќе биде споменик на криминалот и корупцијата што се случуваа за време на режимот“кажа потпретседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на трибината „Најдоборот за мојата општина“ во Илинден.
Препорачано
Тој додаде дека граѓаните, особено граѓаните на општина Илинден може да ја направат разликата помеѓу слободата и угнетувањето, помеѓу правото на избор и узурпираното право, помеѓу слободата на мисла и говор и стравот што владееше за време на режимот.
„ВМРО-ДПМНЕ ја остави периферијата на Скопје нечепната и затоа во 12 села во општина Илинден денес нема комунална инфраструктура, канализациона мрежа, а во центарот на Скопје се потрошија 700 милиони евра на Скопје 2014“ кажа Спасовски.
Тој додаде дека нашите градови и села останаа без основната инфраструктура, бидејќи тие 700 милиони евра завршија во барок, во стиропор, во жални врби, палми, споменици и галии наместо во водоводни и канализациони мрежи и локални патишта.


