Спасовски: Бегалски кампови во државата нема да има додека не станеме членка на ЕУ

Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за германскиот дневен весник Neue OZ истакна дека логично е да соработуваме со ЕУ на граница бидејќи мигрантите патуваат од Грција, ЕУ држава, низ земја која не е членка на ЕУ, а потоа повторно влегуваат во земји дел од Европската унија.

„Северна Македонија се наоѓа на многу посебна географска положба. Мигрантите патуваат од Грција, ЕУ држава, низ земја која не е членка на ЕУ, а потоа повторно влегуваат во ЕУ. Ова е предизвик за Северна Македонија и за Европската Унија. Затоа, логично е да соработуваме со ЕУ на граница. Патем, ова не е ништо ново за нас. Седум години соработуваме со земјите од ЕУ за управување со границите. Распоредувањето на Фронтекс е логичен развој на оваа соработка”, рече Спасовски.

Спасовски беше дециден по однос на прашањето за можен бегалски камп на ЕУ на македонска територија:

„Нашиот став е многу јасен: Во Северна Македонија не се спроведуваат процедури за азил за другите земји на ЕУ и тоа нема да се промени. Ако Северна Македонија стане дел од Европската Унија, ова може да се промени. Но, сѐ додека тоа не е така, таквите центри ќе останат исклучени”, истакна Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот