СП 2023: Храбриот Египет „скршен“ по две продолженија, Германија ќе игра за петто место

Фото: EPA-EFE/Tamas Kovacs

Репрезентацијата на Германија славеше против Египет со 35:34 и во недела ќе игра за петтото место на Светското првенство.

Германците одлично го стартуваа мечот, па така на четири минути пред крајот на полувремето водеа со пет разлика 16:9. Сепак, тогаш следуваше серија на Египет кој со 5:1 успеа да дојде на 14:17 на полувреме.

Во првите десетина минути од второто полувреме Германија направи разлика од осум гола, меѓутоа Египет не се откажуваше. Играа борбено избраниците на Парондо, па таквата игра им донесе продолженија. По 60 минути игра на семафорот стоеше 30:30.

Германија повторно на двапати водеше во првото продолжение, но на крајот и тоа заврши без победник (33:33). Победникот беше решен во второто продолжение кога Германија дојде до 35:34.

Кнор со седум гола беше најефикасниот кај Германија, додека по седум за Египет постигна Моамен и Елдера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот